AP
11 Декември 2015•Ажурирај: 11 Декември 2015
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистанската полиција соопшти дека мајка и нејзините седум деца страдаа во пожарот кој изби бо нивната колиба додека се обидувале да се стоплат, јавува Anadolu Agency (AA).
Ашхараф Хусеин од полицијата во Исламабад рече дека пожарот го зафатил домот на сиромашното семејство, кој беше направен од даски и прекриен со грмушки. Трагедијата во која осум лица смртно страдаа се случи во Горак Хилс во јужната покраина Синдх.
Пожарите се честа појава во текот на ладното време во Пакистан, каде голем број од населението живее во сиромаштво во колибите и куќите без соодветно греење.