Mustafa Yıldırım
06 Декември 2015•Ажурирај: 07 Декември 2015
ИЗМИР (АА) - Во пожар кој изби во куќа во местото Буча, во турската покраина Измир, смртно настрадаа деветгодишната Хелин и нејзиниот едногодишно братче Емир, јавува Anadolu Agency (АА).
Од непознати причини утринава изби пожар во куќата на самохраната мајка на пет деца, Арифе Џелен.
Мајката успеала да ги спаси трите момчиња Ату (4), Баран (7) и Арду (8), меѓутоа за Хелин и Емир било предоцна.
Куќата во потполност изорела, а новинарот на АА дознава дека Џелен живеела од социјална помош.
Покрената е истрага за овој случај а едно лице е приведено, под сомнение дека го подметнало пожарот. Повеќе детали за случајот ќе бидат познати по истрагата и аутопсијата на телата на смртно настраданите деца.