Meiramgul Kussainova
12 Август 2021•Ажурирај: 13 Август 2021
НУР СУЛТАН
Официјалните претставници за одбрана на Казахстан и Пакистан дискутираа за билатералните односи и воената соработка меѓу двете земји, соопшти денеска казахстанското Министерсто за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Казахстанскиот министер за одбрана, Нурлан Јермекбајев и претседателот на Генералштабот, Надем Раза, одржаа меѓуделегациски разговори по церемонијата во главниот град Нур Султан“, се вели во соопштението на Министерството.
Разговорите се фокусираа на тековната воена соработка меѓу Казахстан и Пакистан, борбената обука и заедничкото распоредување војници во мировните мисии на ОН.
Генералот Раза го посети и Националниот универзитет за одбрана на Казахстан.
„Пакистан и Казахстан уживаат срдечни односи засновани на заеднички пристап кон светските прашања, како и меѓусебно разбирање“, се додава во соопштението.