Aamir Latif
13 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
КАРАЧИ (АА) - Бројот на жртвите во денешниот бомбашки напад во маркет во северозападниот пакистански град достигна 23, јавува Anadolu Agency (АА).
Бомбашкиот напад се случи рано утринава во маркет во време кога многу граѓани пазаруваа, а станува збор за град кој е на границата со Авганистан.
Ангажирани се и хеликоптери на пакистанската армија, кои најкритичните пациенти ги транспортираа до болниците во Пешавар, 250 километри источно од местото на настанот.
До сега никој не ја презеде одговорноста за овој напад, а пакистанските безбедносни служби тврдат дека тоа е уште еден во низата напади кој е изведен во рамките на тридеценискиот секташки конфликт помеѓу сунитите и шиите.