Laura Gamba Fadul
07 Мај 2022•Ажурирај: 08 Мај 2022
БОГОТА - Силна експлозија до која дојде синоќа во хотелот Саратога во Хавана, главниот град на Куба, предизвика сериозни оштетувања на хотелската зграда и одзеде повеќе животи, соопшти кубанската влада, известува Агенција Анадолија (АА).
Според моменталните податоци, во експлозијата животот го загубија 18, а повредени се 64 лица, од кои 14 се деца. Во сооопштението се наведува дека меѓу починатите има едно дете и бремена жена.
Местото на несреќата и ранетите во болницата ги посети и претседателот Мигуел Диаз Канел, кој рече дека инцидентот не е терористички напад туку несреќен случај и повика граѓаните да даруваат крв.
„Продолжува потрагата за откривање и спасување на преживеаните од експлозијата во хотелот, каде е можно се уште да има заробени под урнатините“, информираа владините официјални лица.
Пожарникарите и полицајците на местото на настанот трагаат по преживеаните. Објавени се снимки од локалното население кое се обидува да ги спасат повредените заробени под урнатините.
Во вестите објавени во кубанскиот печат се тврди дека до експлозија дошло поради протекување на гас гасната инсталација, до кое дошло за време на реновирањето на кое се работи веќе извесен период во хотелот.
Кубанската влада соопшти дека експлозијата веројатно е предизвикана од протекување на гас при работата на плинските инсталации.
На снимките може да се забележат сериозни оштетувања на хотелската зграда, додека урнатините се расфрлени по улицата. Оштетени се и околните згради, а автобусите и автомобилите пред хотелот се уништени.
Експлозијата во хотелот со 5 ѕвезди Саратога кој се наоѓа во Пасео дел Прадо, во стариот дел на Хавана се случила околу 12:00 часот по локално време. Хотелот е лоциран во близина на историската зграда „Capitolio“ и училиште од кое се евакуирани децата.
Овој историски хотел, кој е затворен повеќе од 2 години поради епидемијата на Ковид-19 и се очекуваше да биде отворен на 10 мај, е изграден во 1880 година и служи како хотел од 1933 година.