Elena Teslova
15 Август 2022•Ажурирај: 16 Август 2022
МОСКВА (АА) - Бројот на починати во силната експлозија во трговскиот центар во Ереван, главниот град на Ерменија, се зголеми на шест, објави Министерството за вонредни состојби на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата во складиштето на трговскиот центар Сурмалу во неделата предизвика пожар и доведе до рушење на трикатница.
„Спасувачите извлекоа тело на уште едно лице од урнатините. Со тоа вкупниот број на починати е зголемен на шест“, им соопшти портпаролот Ајк Кочарјан на новинарите во Ереван.
Тој додаде дека продолжуваат акциите за спасување и гасење на пожарот, наведувајќи дека се повредени повеќе од 60 лица, а 17 се водат за исчезнати.