Satuk Buğra Kutlugün
28 Декември 2015•Ажурирај: 29 Декември 2015
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени во експлозија во работилница на пиротехнички средства во централната кинеска провинција Хенан, јавува Anadolu Agency (АА).
Локални извори објавија дека eксплозијата се случила рано утринава во објект во кој се произведувало легално пиротехника.
Kинеската новинска агенција Џинсуа објави дека три лица загинаа, а дека четворицата повредени се пренесени до најблиската болница.
Истрагата за причините на експлозијата е во тек.