?????
14 Ноември 2015•Ажурирај: 15 Ноември 2015
ТОКИО / ПЕКИНГ (АА) - Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утринава ја потресе Кина, а вториот земјотрес со интензитет од 6,7 степени го потресе јужниот дел на Јапонија, пренесува Anadolu Agency (АА).
Кинескиот центар за сеизмологија соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во водите на источниот дел на Кина, на длабочина од 10 километри. Силата на земјотресот била 7,2 степени, но се уште не се објавени информации за тоа дали имало жртви или штети.
Центарот за геолошки истражувања на САД изјави дека има уште еден земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала а е регистриран 144 километри западно од јужниот јапонски град Макуразакиi. Епицентарот на овој земјотрес бил, исто така, на длабочина од 10 километри.
Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека ова е земјотрес може да предизвика поблаго цунами во висина од еден метар, на јужниот брег на Јапонија.