Mahmut Atanur
13 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) – Германската канцеларка Ангела Меркел, во рамките на официјалната посета на Република Кина, оствари средба со својот кинески колега Ли Кичијанг, јавува Anadolu Agency (АА).
Меркел и Ли по интонирањето на националните химни, имаа свое свечено обраќање на официјалниот прием во Големата Народна сала, која се наоѓа на Плоштадот Тиананман, во Пекинг, главниот град на Кина.
По завршувањето на церемонијата, беше остварен разговор помеѓу делегациите, пропратен со четвртиот германско-кинески владин консултативен состанок.
По средбите, Ли и Меркел присуствуваа на свеченоста на која беа потпишани низа договори за меѓусебна соработка и подобрување на економските односи.
Ли, на заедничката прес-конференција говореше за отвореноста на кинескиот пазар за сегашните и идни залагања на кинеската влада за зголемување на странските инвестиции во земјата.
Ли во своето обраќање, осврнувајќи се на критиката за недоволна отвореност на Кина за странски инвестиции, произлезена од реакциите од Европската Унија по купувањето на германскиот индустриски роботски гигант Кука од страна на кинескиот производител на бела техника Мидеа, го истакна своето незадоволство од можна трговска војна со Европа, потенцирајќи дека истото не би било од корист никому.
Освен тоа, Ли ја изрази намерата на Кина за поголема отвореност кон странските инвестиции во иднина, истакнувајќи на чекорите кои ќе бидат превземени од страна на кинеската влада кон создавање на основа на еднаквост, транспарентност, непристрасност во односот со странските инвеститори.
Меркел истакна дека двете страни треба да се воздржат од емотивни несогласувања. Таа го потврди постигнатиот напредок на Кина во поглед на отвореност за соработка, истакнувајќи дека постојат сѐ уште многу области од јавната администрација кои треба да бидат ревидирани, притоа ги посочи искуствата на Германија, кои би можеле да бидат искористени како модел пример во понатамошното усовршување на кинеското управување.
Меркел, посочувајќи ја отвореноста на Германија кон странските инвестиции, ги изрази очекувањата за истото од Кина.
Во текот на вечерта, Меркел ќе присуствува на заедничка вечера со претседателот на Кина, Ши Чинпинг, а во текот на утрешниот ден, заедно со престставници од бизнис фелата, ќе замине во посета на градот Шинјанг, кој престставува еден од поранешните индустриски центри во североисточниот дел на Кина.
Меркел, како канцеларка на Германија, ја оствари својата 9-та по ред официјална посета на Кина.