Hakan Ceyhan Aydoğan
13 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
МОСКВА (АА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин, испрати порака на сочуство до претседателот на САД, Барак Обама, по нападот кој се случи во еден од ноќните клубови во Орландо, јавува Anadolu Agency (АА).
„Изразуваме длабоко сочуство за големата болка и тага до најблиските на жртвите од бруталниот напад, посакувајќи им што побрзо закрепнување на ранетите“, стои во соопштението на Кремлин на официјалната интернет страница.
Според началникот на полицијата во Орландо, вооружениот напаѓач во 02.02 часот по полноќ, по локално време, ги зел во заложништво пристутните лица во еден ноќен клуб, додека околу 05.00 часот рано изутрината започнала операцијата на Специјалниот тим за вооружени напади.
За време на нападот животот го загубија 50 лица, додека 53 беа ранети.