свет

Русија: Последен ден од претседателските избори, излезноста надмина 70 отсто

Тридневното гласање за избор на претседател на земјата започна во петокот, на кои актуелниот претседател Владимир Путин бара петти мандат

Burç Eruygur  | 17.03.2024 - Обновена : 18.03.2024
Русија: Последен ден од претседателските избори, излезноста надмина 70 отсто Фото: Sefa Karacan/АА

МОСКВА (АА) - Излезноста на претседателските избори во Русија, кои влегоа во последниот ден, надмина 70 отсто, јавува Анадолу.

Тридневното гласање за избор на претседател на земјата започна во петокот, на кои актуелниот претседател Владимир Путин бара петти мандат.

Останатите тројца кандидати се Владислав Даванков од Новата народна партија, Леонид Слуцки од Либерално-демократската партија на Русија и Николај Харитонов од Комунистичката партија.

Говорејќи на прес-конференција во Москва, претседателката на руската Централна изборна комисија, Ела Памфилова, рече дека вкупниот одѕив на претседателските избори заклучно со 15:45 часот по московско време, земајќи го предвид и електронското гласање од далечина, изнесува 70,81 отсто.

Најновите податоци ја надминуваат вкупната излезност од 67,54 отсто забележана на претседателските избори во земјата во 2018 година.

Памфилова понатаму рече дека биле спречени околу 280.000 ДДОС кибернапади против далечинското електронско гласање, од кои 215.000 биле насочени конкретно кон самиот портал за гласање.

Таа, исто така, посочи дека гласањето го следат 1.115 меѓународни набљудувачи и експерти од 129 земји.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на Телеграм истакна дека до пладне на 230 избирачки места во 111 земји гласале над 125.000 луѓе.

Првите резултати од руските претседателски избори се очекуваат денес по 21:00 часот по московско време.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.