Ekip
16 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
TOKIO (AA) – Зголемен е бројот на жртвите во двата земјотреси со јачина од 6,5 и 7,3 степени по Рихтер, кои го погодија југозападот на Јапонија во петок навечер и во сабота наутро по локално време. Имено, властите за сега потврдија дека 19 луѓе ги изгубиле животите во последните во последните два земјотреси, а дека околу 2.000 се повредени во регионот Кјуши, јавува Anadolu Agency (AA).
Во претходниот земјотрес, кој исто така ја погоди префектурата Кумамото, во четвртокот, страдаа девет луѓе, со што вкупниот број на жртвите од земјтресите кои оваа недела ја погодија Јапонија доведе до бројката 28.
Смртните случаеви кои во сабота се потврдени, забележани се ширум префектурата Кумамото, а повеќето жртви се задушени или по рушењето на зградата или по падот на мебелот врз нив.
Агенцијата за временска прогноза на Јапан соопшти дека на планината Асо е забележана помала ерупција на вулкан, но отфрлија било каква поврзаност помеѓу потресите и ерупцијата.
Од полицијата од Кумота велат дека примиле околу 100 пријави на луѓе кои се заробени под урнатините на зградите, како и десетици кои се заглавени во лизгалиштата. Се верува дека 11 луѓе меѓу кои има и студенти се заглавени под четири стамбени згради кои се срушнија во близина на Универзитетот Токио и градот Асо.
На аеродромот во Кумамота дел од зградата попушти поради што се откажани сите летови, додека зградата на градскиот совет Уто делумно пропадна. Во селото Минамиасо се покрена свлечиште кое затрупа дел од националниот автопат и уништи мост. За сега нема информации за евентуалните оштетувања во две нуклеарни електрани во регионот Кјушу. Во префектурата Кумамото околу 69 илјади луѓе се евакуирани, а без струја останаа околу 160.000 домаќинства.
Премиерот на Јапомина Шинзо Абе на саботниот итен состанок порача дека владата ќе направи се и ќе ги мобилизира сите расположливи ресурси за да одговори соодветно на земјотресите. Министерот за одрбана Ген Накатани рече дека 15.000 припадници на силите за самоодбрана во сабота ќе бидат распоредени во префектурата Кумамото, а дека во недела ќе им се приклучат уште 5.000.