Umur Koçak Semiz
12 Јануари 2016•Ажурирај: 13 Јануари 2016
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Северна Сулавеси во централна Индонезија, јавува Anadolu Agency (АА).
Американската агенција за геолошки истражувања наведува дека епицентарот на земјотресот бил 58 километри југоисточно од островот Талауд. По земјотресот е дадено предупредување од цунами.
Земјотресот бил почувствуван на пошироко подрачје, но нема загинати или повредени.
Областа на Индонезија во 2004 година ја погоди земјотрес со јачина од 9,1 степени и цунамито што следеше по што животот го загубија 230.000 луѓе.