?????
04 Јануари 2016•Ажурирај: 05 Јануари 2016
ГУВАХАТИ (АА) - Најмалку пет лица загинаа, а над 100 се повредени во земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, кој ja погоди рано утрово сојузната држава Манипур во североисточниот дел на Индија, јавува Anadolu Agency (АА).
Според официјалните информации ова е еден од најсилните земјотреси во последните години.
"Бевме во длабок сон, но земјотресот беше толку силен што веднаш истрчавме од куќата", рече Синг, жител на Манипур.
Тој истакна дека луѓето поминале неколку часа на отворено место поради страв од нови потреси, и дека во нивното соседство биле уништени најмалку шест згради. Според Геолошкиот институт на САД, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу 50 километри, во Манипур, а земјотресот бил почувствуван во сите држави во северниот дел на Индија, како и Бангладеш и Мјанмар.
Локалните медиуми во Мјанмар објавија дека земјотресот се почувствувал во западниот дел на земјата, но нема информации за евентуални жртви и материјална штета. Индискиот министер за внатрешни работи рече дека спасувачките тимови се распоредени со цел да му се помогне на погоденото население во Манипур.