?????
06 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку седум лица, меѓу кои и едно девојче, загинаа во земјотрес со магнитуда од 6,4 степени по Рихтер, кој рано утринава го погоди јужен Тајван. Од јачината на земјотресот се срушиле неколку згради, па се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем. Засега, од под урнатините спасени се стотина луѓе, а пријавени се 422 повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според тајванската новинска агенција, спасувачите трагаат по уште најмалку осум лица кои се водат за исчезанти. За нив се верува дека се заробени под урнатините на 16-катната зграда која се сруши во најпогодениот тајвански град Тајнан.
Над 250 лица, кои живееле на страната на згрдата која се сруши, се спасени благодарејќи на брзата реакција на пожарникарите и спасителите. Петмина од вкупно седумте загинати настрадаа во споменатата зграда која се наоѓа во градот Јонгканг. Другите две лица настрадале во населбата Гуирен.
Централниот хидрометеоролошки завод на Тајван соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 17 километри во градот Каосјунг.
Во земјотресот со магнитуда од 7,6 степени по Рихтеровата скала кој во 1999 година го погоди Тајван загинаа над 2.300 лица.