Ekipa
08 Февруари 2016•Ажурирај: 08 Февруари 2016
ПЕКИНГ (АА) - Спасувачките служби на Тајван денес успеаа да извлечат една жена која преживеала два дена под урнатините по силниот земјотрес кој во петокот, 6-ти февруари, го погоди јужниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Жената е пронајдена покрај телото на својот сопруг и син кои не го преживеаа срушувањето на зградата во градот Тајнан. Како резултат на земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтер, во тој град дојде со рушење на зграда од 16 ката.
Спасувачките тимови деноноќно работат на извлекувањето на 113 жртви кои се водат како исчезнати.
Според последните податоци, потврдена е смртта на 36 лица.
Инаку, Тајван географски е сместен на место каде што се спојуваат две тектонски плочи, па затоа често е на удар на земјотресите.
Најразорен земјотрес во таа земја се случи во 1999 година кога загинаа 2.300 лица. Земјотресот беше со јачина од 7,6 степени.