?????
10 Февруари 2016•Ажурирај: 10 Февруари 2016
ПЕКИНГ (АА) - Тајванската полиција уапси тројца директори на градежната фирма која беше вклучена во изградбата на зградата која пред неколку дена во силен земјотрес во градот Тајнан, се сруши земјаќи ги животите на 45 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани и повредени под урнатините на 16-катницата, во квартот Јангканг, во која според податоците живееле околу 260 фамилии. Зградата се сруши во саботата кога подрачјето беше погодено од земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала.
"China Post" објави дека уапсениот Лин Минг-хуи, поранешниот претседател на компанијата "Weiguan" и уште двајца директори на фирмата поради сомнение дека се одговорни за рушењето на зградата поради „професионална небрежност со смртен исход”.
Спасувачките екипи сè уште трагаат по 97 исчезнати во рушевините на зградата.
Градоначалникот на Тајнан, Лаи Чинг-те, рече дека во градот, во земјотресот, се срушиле девет објекти и дека бројот на жртви би можел да достигне 100 лица.