Recep Şakar
16 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
МЕЛБУРН (АА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала утринава го погоди Нов Зеланд, тоа е трет по ред земјотрес во изминатите седум дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран северозападно од Оукленд, најголемиот град во Нов Зеланд, на морска длабочина од десет километри.
Според првите информации од теренот, земјотресот не предизвикал човечки жртви.
Тоа е трет земјотрес во Нов Зеланд во изминатата недела.
Првиот се случи на 9-ти февруари, кога со јачина од 5,7 степени по Рихтер го потресе регионот Св. Арнауд, а вториот со иста јачина е регистриран на 31 километар од градот Кристчрч.
Ниту во еден од споменатите потреси немаше настрадани лица, вториот земјотрес остави без струја околу 500 објекти во Кристчрч.
Еден од најтрагичните земјотреси во Нов Зеланд се случи во 2011 година кога токму во градот Кристчрч, животот го изгубија 185 лица.