Aldıjana Hadzıc
13 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските случувања кои се имаат случено денес, издвојуваме:
1570 - Данска ја призна независноста на Шведска.
1642 - Холандксот морепловец, Абел Тасман, го откри Нов Зеланд, но од страв од воинствените домородци не стапнал на копното, па заслугата за откривањето му припаднала на Џејмс Кук, кој во 1769 година стапнал на едно од новозеландските острови.
1797 - Роден е германскиот писател и поет Хенрих Хеин, еден од најголемите лиричари на XIX-от век. Претставник е на романтизмот, а неговата поезија изврши големо влијание врз европската поезија.
1937 - Јапонските трупи го окупирале кинескиот град Нанкинг и во следните шест недели убиле околу 300.000 кинески цивили, ова крвопролевање влезе во историјата под називот „Масакр во Нанкинг“ и „Силување на Нанкинг“, тој е познат како еден од најлошите злодела направени во текот на војните од минатиот век.
1982 - Во земјотрес во тогашен Северен Јемен, во провинцијата Дамар, загинаа околу 3.000 луѓе.
2003 - Американските сили го уапсија соборениот претседател Садам Хусеин, кој се криеше во подземно засолниште во близина на својот роден град Тикрит. Погубен е на 30-ти декември 2006 година.
2009 - По скоро две децении прекин, поради војната во Босна и Херцеговина, воспоставен е железничкиот сообраќај помеѓу Сараево и Белград.