Aldıjana Hadzıc
30 Декември 2015•Ажурирај: 31 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на овој ден, издвојуваме:
1691 - Почина англискиот хемичар и физичар Роберт Бојле, кој го откри законот за односот помеѓу притисокот и волуменот во гасовите и прв ја забележа разликата помеѓу елементите и соединенијата.
1865 - Роден е англискиот писател Радјард Киплинг, добитник на Нобеловата награда за литература во 1907 година. Тој ја напиша: "Книгата за џунглата", "Храбриот капетан", "Ким", "Во црно и бело", "Приказни за деца" и многу други дела.
1903 - Во пожар во театарот "Ирокези" во Чикаго во САД, загинаа повеќе од 600 луѓе.
1906 - Роден е англискиот филмски режисер Сер Керол Рид. Посебно се интересни неговите филмови "Ѕвезди гледаат од небото", "Ноќниот воз за Минхен", "Вистинска победа", "Бегалецот", "Третиот човек", "Нашиот човек во Хавана" и "Оливер " за кој доби Оскар.
1922 - Официјално е основан Сојузот на Советските Социјалистички Републики (СССР), создавањето на федералната заедница на Русија, Белорусија, Украина и Транскавкаската Федерација. Подоцна се приклучија или формираа други Советски републики.
1928 - Роден е американскиот музичар Бо Дидли. Автор на голем број песни, добитник е на наградата "Греми" за животно дело.
1947 - Почина англискиот филозоф Алфред Норт Вајтхед, еден од најважните англосаксонски мислители на 20 век.
2004 - Почина американскиот џез музичар, "кралот на свингот" Арти Шо. Компонираше концерти за кларинет.
2006 - Поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин беше обесен во Багдад, Ирак, откако локалниот Суд го осуди на смрт поради убиство на околу 150 шиити во 80-тите години на минатиот век.