Recep Şakar
06 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
МЕЛБУРН (АА) - Островот Кермадек на Нов Зеланд го погоди земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала, но не е објавена опасност од цунами во тој дел од Јужнопацифичкиот океан, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран 128 километри североисточно од Кармадека и во длабочината на океанот од 10 километри.
Првично беше пренесено дека јачината на земјотресот изнесува 6,4 степени, а подоцна беше поправена на шест степени според Рихтеровата скала.
Според првичните информации од теренот, земјотресот не предизвика човечки жртви, ниту материјални загуби, но направи паника меѓу локалното население.
Жителите на Нов Зеланд се уште имаат свежи сеќавања од трагичниот земјотрес кој со интензитет од 6,3 степени во 2011 година при што загинаа најмалку 185 луѓе, а беа повредени околу 2.000 луѓе.