Recep Şakar
06 Јуни 2016•Ажурирај: 07 Јуни 2016
МЕЛБУРН (АА) - Најмалку три лица го загубија животот во поплавите кои во неколку региони во Австралија беа предизвикани поради повеќедневните обилни и бурни врнежи од дожд, јавува Anadolu Agency (AA).
Обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на реките од коритата и поплави во главниот град Камбера и во многу градови во австралиските покраини Квинсленд, Њу Саут Велс, Викторија и Тасманија
Буиците усмртија три лица во Камбера и Сиднеј, а две лица во Тасманија се водат како исчезнати.
Стотици објекти останаа под вода, а во бројните населби прекинат е доводот на електрична енергија.