Recep Şakar
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
МЕЛБУРН (АА) – Во Бејрут, гравниот град на Либан, уапсени се четворица новинари од Австралија додека снимале, јавува Anadolu Agency (AA).
Во објавата на телевизискиот Канал 9, се вели дека водителката на емисијата „60 минути“ Тара Браун, режисерот Стивен Рајс и двајцата камермани биле притворени додека снимале во Бејрут.
Во образложението се вели дека продолжуваат работите околу безбедното префрлање на притворените телевизиски работници во Австралија.
Министерката за надворешни работи на Австралија, Џули Бишоп, изјави дека работи на осознавање на деталите околу притворањето.
Во објавата се вели дека притворената екипа работела на снимање материјал за две деца кои од страна на нивниот татко биле однесени од Австралија во Либан.