Recep Şakar
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
МЕЛБУРН (AA) - Австралиското Биро за безбедност во сообраќајот и транспортот за авионските делови кои беа пронајдени во Мозамбик и донесени во Австралија, изјави дека „речиси со сигурност” може да се каже дека тие му припаѓаат на авионот на Малезијската авиокомпанија кој исчезна на 8 март 2014 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Деталите од истражувањето врз пронајдените делови на брегот на Мозамбик, Австралиското Биро за безбедност во сообраќајот ги објави во својот извештај.
Во извештајот објавен на официјалната страна на Бирото, се истакнува дека анализираните два дела “со голема сигурност” му припаѓаат на авион од типот Боинг 777.
Австралискиот министер за транспорт Дарен Честер, на оваа тема изјави дека буквите врз пронајдените делови, се совпаѓаат со буквите од натписот врз авионите на Малезија Еарлајн.
Авионот на Малезија Еарлајн од типот Boeing 777 со број на лет MH370 беше исчезнат на 8 март 2014 година за време на летот Куала Лумпур-Пекинг заедно со 227 патници и 12 лица на екипажот. И покрај сите напори, не беа пронајдени остатоците од авионот. Постапките за понатамошна истрага под водство на Австралија продолжуваат со пребарување на морското дно со помош на подморници без екипаж.