Ekipa
08 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
МЕЛБУРН (АА) - Австралискиот премиер, Малком Трнбол, потврди дека новите парламентарни избори во таа земја ќе се одржат на 2-ри јули, на кои ќе направат обид за продолжување на мандатот, само неколку месеци откако го замени претходникот Тони Абот, јавува Anadolu Agency (AA).
Предизборната кампања во Австралија, која ќе трае два месеца, официлајно започнува денес и е најдолга предизборна кампања во таа земја од 1960 година.
Распишувањето на изборите претставува најнов развој на случувањата на автралиската политичка сцена, на која мултимилионерот и лидер на конзервативната Либерална партија Трнбол (61) во септември го замени Абот и така стана четвртиот австралиски премиер во текот на две години.
Челникот на опозиционата лабуристичка партија Бил Шортен (48), кој се противи на намалување на данокот и се залага за поголеми вложувања во болниците и училиштата, ќе направи обид да го додаде своето име на веќе долгата листа на австралиски премиери во последните две години.
Најновите истражувања на јавното мислење покажуваат дека изборите ќе бидат неизвесни, со оглед на тоа што Либералите и Лабористите се скоро целосно изедначени.