Recep Şakar
26 Април 2016•Ажурирај: 27 Април 2016
МЕЛБУРН (АА) - Австралискиот премиер, Малколм Турнбул, соопшти дека Франција добила тендер вреден 50 милијарди долари за изградба на 12 подморници, јавува Anadolu Agency (AA).
Турнбул одржа прес-конференција во Аделаида каде што ќе се градат подморници за Кралската морнарица, а изјави дека на тендерот се пријавиле Франција, Германија и Јапонија.
Француската компанија "DCNS" го доби тендерот со најдобра понуда, а премиерот на Австралија, Турнбул, изјави дека изградбатa на 12 подморници ќе обезбеди 2.800 нови работни места во Аделаидa.
„Проектот ќе придонесе за економски развој на Австралија бидејќи на него ќе работи австралиска работна сила. Ова е голем ден за нашите поморски сили, но и важен ден за економијата на земјата. Австралиските работници ќе прават подморници од австралиски челик", изјави Турнбул.
Министерот за одбрана на Австралија, Марис Пејн, соопшти дека француската компанија "DCNS" ќе проектира и ќе направи доработка на подморницата од моделот 'Shortfin Barracudа'. Станува збор за подморници долги 90 метри кои се значително полесни и создаваат помалку врева од претходните модели на 'Barracudа'.
Од друга страна, поранешниот австралиски премиер, Тони Абот, изјави дека давањето на тендерот на Французите е големо разочарување од аспекот на добри билатерални односи на Австралија и Јапонија.
Актуелниот премиер Турнбил порача дека Австралија и Јапонија имаат стабилно стратешко партнерство и дека овој случај нема да ги загрози нивните односи.
Тендерот за подморници во Австралија беше распишан на 15-ти февруари, а аналитичарите најавуваа сигурно поминување на Јапонија на тендерот, која има добри односи и соработка со Австралија.