Ekipa
26 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
Њу Делхи (АА) - Голем пожар денес го зафати Националниот музеј на природна историја во главниот град на Индија, Њу Делхи, инаку еден од најпрестижните музеи во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
На членовите на противпожарните служби им беа потребни повеќе од четири часа да го изгаснат пожарот кој избувна на последниот спрат во музејот, изјави Хариндер Синг од протипожарните служби на Њу Делхи
Сингх соопшти дека целата зграда изгорела во пожар.
Министерот за животната средина, Пракаш Јавадекар, изјави дека во моментот се проценува направената штета и дека со истрага ќе се утврди која била причината за пожарот.
Пет пожарникари поради изложеноста на чад се пренесени во болница и се пуштени откако им беше укажана помош, соопштија службениците.
Заменик командантот на противпожарната служба во Њу Делхи, изјави дека противпожарната опрема на Музејот не функционирала правилно, при што додатно им отежнала на пожарникарите да го изгаснат пожарот.
Пожарите се чести во зградите во Индија поради недостаток на соодветни безбедносни стандарди.
Инаку, во музејот на природна историја се наоѓаат повеќе од илјада експонати на растенија, животни и минерални богатства од Индија и целиот свет.