Uğur Ulu
27 Декември 2015•Ажурирај: 27 Декември 2015
БУРСА (АА) - Пожарот кој избувна утринава во магацин на фабрика за производство на полиестерски конец и предиво во индустриската зона "DOSAB" во Бурса, брзо се прошири на целиот комплекс на фабриката, а бројни пожарникарни екипи се борат со огнената стихија, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот изби во магацинот на фабриката, а пожарникарните единици веднаш по повикот стигнале на местото на пожарот и започнале со акцијата за негово гаснење.
Работниците се навреме евакуирани. Во текот на гасењето на пожарот полесно е повреден еден пожарникар, кој е префрлен во блиската болница.
Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот и да спречат додатни материјални загуби. На терен се сите надлежни тимови кои преку истрагата ќе ја утврдат настаната штета и причините за избивањето на пожарот.