Alp Ertunga Karaca,Aynur Ekiz
27 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
ТЕХЕРАН (АА) - Претседателот на Управата за верски работи при Владата на Република Турција, Мехмет Ѓормез, по пристигнувањето во официјална посета на Техеран порача дека секој муслиман и совесен човек мора да стори сè за да се запре крвопролевањето и страдањето на луѓето во целиот свет, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓормез на техеранскиот аеродром "Mehrabat" беше пречекан од страна на челникот на Светската унија за меѓусебно зближување на исламските правни учења, ајатула Мухсин Ераки, а поводот на Ѓормезовата посета е учеството на 29-тата Меѓународна конференција за единство која се одржува во Техеран.
Во краткото обраќање кон новинарите во Техеран, Ѓормез истакна дека на исламскиот свет паднала огнена топка и дека секој муслиман мора да придонесе кон гаснење на тие разгорени пожари.
"Сите муслимани мора да се дистанцираат од сето она што предизвикува завера и безредие меѓу луѓето. Приоритет е сопирање на крвопролевањето и солзите. Тоа е главната причина за оваа наша посета. Ќе бидам среќен доколку нашите средби допринесат малку кон таа цел", порача Ѓормез.
Ераки му се заблагодари на Ѓормез и му изрази добредојде, и додаде дека средбите на тоа ниво секако дека ќе водат кон решавање на проблемите меѓу муслиманите.