Mümin Altaş
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Управата за верски прашања при Владата на Република Турција, Мехмет Ѓормез во својата честитка по повод Рамазан Бајрам рече: „Ова не е Бајрам на раздорот, туку на оние кои се трудат за доброто и оние кои го имаат постигнато мирот и спасот. Ова не е Бајрам оние што убиваат и поттикнуваат страв, туку на спасувачите и мирољубивите“, јавува Anadolu Agency (AA).
Мехет Ѓормез одржа пригодно предавање во џамијата Ахмет Хамди Аксеки по молитвата за Рамазан Бајрам.
Истакнувајќи дека Бајрам е ден кога човекот му се спротивставува на отуѓувањето, ден кога тој се враќа на неговата природа и ден на солидарност и поддршка, Ѓормез рече: „Ова не е Бајрам на раздорот, туку оние кои се трудат за доброто и оние кои го имаат постигнато мирот и спасот. Ова не е Бајрам оние што убиваат и поттикнуваат страв, туку спасувачите и мирољубивите.“
Ѓормез понатаму изјави дека има голема надеж кај муслиманите, кои се следбеници на Пратеникот Мухамед во светот кој е опфатен од насилство, страдање, војна и болка.
„Нашиот Господ, кој ни го овозможи овој Бајрам, има надеж во нас. И покрај нашите гревови, Господ не ја загуби надежта во нас. Запомнете, да се биде муслиман значи да се биде достоинствено човек, рече Ѓормез, додавајќи:
„Свесен сум, нашата радост е засенета, а нашите срца патат. Се срамиме дури и да се радуваме. Додека ние го прославуваме празникот, во муслиманските градови експлодираат бомби. Овие бомби паѓаат и на нашите срца. Само вчера во Багдад загинаа десетици луѓе. Само вчера се случи бомбашки напад во градот на нашиот Пратеник, Медина, во кој тој забрани дури и на мравката да и се наштети. Ние славиме Бајрам, но во за време на Рамазан многу наши деца останаа сирачиња. Многу од нашите момци ги пративме во вечност. Знам дека се колебате да кажете дека сте добро. Вашите срца се изгорени, скршени и тажни, бидејќи многу жени, деца, луѓе кои немаат никого, стари луѓе и бегалци во исламските земји ги напуштија своите домови од страв. Додека ние славиме, во Африка продолжува притисокот и тиранијата под сенката на гладот и жедта.“
Ѓормез, истакнувајќи дека во Бајрам ќе ги споделат болката и тагата како што ја споделуваат и радоста, рече: „Она што сме обврзани да го направиме е да ги оживееме нашите запалени и уништени куќи со радоста на Бајрамот, и да го поминеме овој празник со достоинство во име на оние кои не можат да слават.“
По молитвите, Ѓормез им го честиташе Бајрамот на граѓаните.