Gültekin Yetgin,Hayati Akçay
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
ГИРЕСУН (AA) - Во близина на селото Тохумлук во местото Јаглидере кое припаѓа на Гиресун, градот на североистокот на Турција, во вторник падна воен хеликоптер, јавува Anadolu Agency (AA).
Според моментално достапните информации, хеликоптерот во кој се наоѓале високо позиционирани лица, падна на ненаселено подрачје кај селото Тохумлук, кое се наоѓа на границата помеѓу градовите Јаглидере и Алуџра, недалеку од градот Гиресун на брегот на Црното море.
По дојавата за пад на хеликоптерот, на местото на настанот веднаш се упатени спасувачки и медицински екипи, а заедно со нив подрачјето го посети и гувернерот на Гиресун, Хасан Карахан.
Во меѓувреме, во Гиресун, поради бајрамските празници, се наоѓа и заменик на турскиот премиер, Нуретин Џаникли, кој свика состанок во Локалната команда на жандармеријата. Состанокот беше затворен за медиумите и траеше саат време.