Fatjon Cuka
06 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
ТИРАНА (АА) - Најмалку две лица загинаа а едно е повредено при пад на воен хеликоптер во северниот дел на Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Албанија соопшти дека воениот хеликоптер паднал во областа Голема Малесија недалеку од албанскиот град Скадар.
Падот се случил при едукативен лет, а од трите воени лица кои се наоѓале во хеликоптерот загинале две, а едно лице е повредено.
Во хеликоптерската несреќа загинаа лицата со иницијали Ф.Д и Д.Х а рането е лицето Г.Б.
По несреќата на местото на несреќата стигнал хеликоптер на спасувачката екипа.