Mustafa Keleş
06 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
ВАШИНГОТН (АА) - Постојаната амбасадорка на САД во Обединетите нации, Саманта Пауер, го обвини режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад дека не дозволува доставување на доволни количини хуманитарна помош во подрачјата кои се под опсада на сириската војска, а што преставува дел од договорот за прекин на огнот постигнат во средината на февруари, јавува Anadolu Agency (AA).
На денешната затворена седница на Советот за безбедност на ОН се разговарало за хуманитарната криза во Сирија, а на претставниците на 15-те членки на Советот, брифинг за актуелната состојба во Сирија одржа заменикот генерален секретар на ОН задолжен за координација на хуманитарните активности Стефан О'Браен.
По завршувањето на седницата, на новинарите им се обрати американската амбасадорка Пауер која истакна дека во март во сириските подрачја под опсада е доставено значително помало количество хуманитарна помош во однос на еден месец претходно.
„Во одредени подрачја како Дера, ОН не можеа да достават ниту еден пакет хуманитарна помош уште од 2012 година”, рече Пауер.
„Ги повикувам сите земји кои имаат влијание на сирискиот режим да извршат притисок на официјален Дамаск да дозволи доставување на помошта. Режимот тоа ќе го стори само доколку биде под притисок, а во прашање е спасувањето човечки животи кои умираат од глад, рече Пауер.
Да потсетиме дека О'Браен минатата недела изјави дека ОН дошле до веродостојни сознанија дека цивилите во Дера умираат од глад и најавија дека за тоа ќе биде известен Советот за безбедност.