Behçet Alkan
24 Ноември 2015•Ажурирај: 26 Ноември 2015
БАЈИРБУЏАК (АА) – Бунтовниците од областа Бајирбуџак во Сирија, тврдат дека пронашле еден од пилотите на авионот срушен утринава во близина на турско-сириската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА, авионот кој турските вооружени сили го соборија откако не ги послушал предупредувањата, паднал на сириска територија на која и понатаму траат борбите. Пилотите кои со падобран скокнале од авионот се спуштиле во со борби зафатената зона.
Бунтовниците во Сирија започнале сопствена потрага и наводно пронашле еден од пилотите.
Гласноговорникот на бригадите „Султан Абдулхамит Хан“, Мустафа Абдула, во разговор со новинарот на АА рече дека пилотот на соборениот авион се наоѓа под контрола на борците на тие бригади на опозиционата војска на Сирија.
Воениот авион од руско производство SU-24 утринава во 9:30 часот е соборен од турските F16, недалеку од турско-сириската граница, во областа Бајирбуџак, по десет дадени предупредувања во рок од пет минути, откако го наруши воздушниот простор на Турција.