Islam Uddin
03 Октомври 2023•Ажурирај: 05 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Цивилен хеликоптер се урна во северниот јужнокорејски град Почхон, јави новинската агенција Јонхап, пренесува Анадолу.
Хеликоптерот се урнал во брана во градот, кој се наоѓа на 52 километра североисточно од Сеул, во 11:08 часот по локално време, според официјални лица.
Во тек е акција за спасување на едно лице за кое постои сомнение дека се наоѓало во хеликоптерот.
Хеликоптерот, за кој се вели дека се урнал додека изведувал вежба за спречување шумски пожари, моментно е под вода во браната, за која се проценува дека е длабока 10-13 метри.