Selçuk Acar
05 Април 2016•Ажурирај: 05 Април 2016
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку пет лица загинаа во пад на хеликоптер во американската сојузна држава Тенеси, јавува Anadolu Agency (AA).
Американски официјални лица соопштија дека хеликоптерот паднал на подрачјето на планините Смоки во источниот дел на Тенеси.
Портпаролот на локалната канцеларија на Цивилната заштита, Дин Фленер, изјави дека по паѓањето дошло до експлозија во која хеликоптерот целосно изгорел, а во несреќата смртно настрадале сите пет лица кои биле во леталото.
Од американската Федерална агенција за воздухопловство (FAA) е соопштено дека надлежен тим е испратен на местото на несреќата со цел започнување на истрага за причините за трагичната несреќа.
Досега не е соопштено за типот на хеликоптерот и во чија сопственост е истиот.