Ekipa
29 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
КОПЕНХАГЕН (АА) - Во хеликоптерот кој се сруши во близина на градот Берген на западниот дел на Норвешка, се наоѓаа 13 лица, а полицијата неможе да утврди дали има преживеани, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тек се акциите на барање и спасување.
Потпаролот на полицијата Мортен Кронер, потврди дека хеликоптерот се срушил и дека е потполно уништен. Подоцна изјави дека полицијата не може да утврди дали некој прежиевал од оваа несреќа.
Кронер истакна дека хеликоптерот се срушил на островот Туроеј во близина на Берген. Не можеше да објасни ниту за кој хеликоптер станува збор.
Потпаролот на спасувачкиот Центар на Норвешка, Џон Сјурсое, изјави дека станува збор за мал остров и дека деловите на хеликоптерот се наоѓаат и на копно и во море.
Потпаролот на спасувачкиот Центар на Норвешка, Џон Сјурсое, изјави дека станува збор за хеликоптерот 'Eurocopter EC-225' во кој се наоѓале 11 патници и два пилоти, и дека во тек е голема акција на барања и спасувања во која се вклучени и пожарникари, нуркачи и медицински персонал.
Хеликоптерот се движел кон нафтената платформа во Северно море, 120 километри од Бегрен.
Премиерката на Норвешка, Ерна Солберг, на социјалната мрежа Твитер напиша дека се информирани во врска со несреќата и големата спасувачка акција.