Hakan Ceyhan Aydoğan
12 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
МОСКВА (АА) – Во сирискиот град Хомс падна руски воен хеликоптер Мi-28N, јавува Anandolu Agency (AA).
Во изјавата на Министерството за одбрана на Русија се вели дека хеликоптерот доцна синоќа паднал во Хомс. По настанот, телата на починатите пилоти биле донесени во руската база во Химејмим.
Не се наведуваат податоци поврзани со падот на рускиот хеликоптер, и според првиот извештај од местото на настанот тој не е соборен.