Hasan Esen
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
БРИСЕЛ (АА) - Во врска со терористичките напади во Брисел на 22-ри март, притворени се уште две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Канцеларијата на федералното обвинителство на Белгија се вели дека лицата Смаил Ф. и Ибрахим Ф. изнајмиле куќа во населбата во Етербек, во која се криеле напаѓачите во Брисел.
Судијата кој ги истражува нападите во Брисел, соопшти дека две лица се притворени под обвинение за учество во тероризам и обвинение за убиство во терористички цели, додаде дека истрагата продолжува и не може да даде дополнителни информации.
Претходно, во врска со нападите беа притворени Мохамед Абрини, Осама К, Херве Б.М. и Билал Е.М. За Мохамед Абрини, кој е обвинет и за нападите во Париз, се увиде дека е „терористот со капа“ кој избега по терористичкиот напад на аеродромот во Брисел.
Во терористичките напади во метрото во Брисел и на аеродромот на 22-ри март загинаа 32 лица, а 270 беа повредени. На аеродромот по активирањето на бомбите од страна на двајцата бомбаши-самоубијци, третоосомничениот терорист со шапка и бел мантил успеа да избега. Терористот на контролиран начин ја активирал поставената бомба.
Во писмената изјава од страна на обвинителството се вели дека главна цел нa групата во нападите од 22-ри март била по извршениот првичен напад во Париз, извршување на втор напад, но бидејќи во последен момент одлуката била сменета како следна цел бил земен Брисел.
Одговорноста за нападите ја презеде ДАЕШ.