Ekipa
13 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
АМСТЕРДАМ (АА) - Меѓународниот аеродром во Амстердам „Спихол” синоќа делумно е евакуиран откако беше повикана полицијата поради сомнение дека е поставена експлозивна направа. По известувањето за безбедносна закана, холандската воена полиција покрена истрага, а локалните медиуми јавуваат дека е уапсено едно лице, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Полицијата евакуираше дел од паркингот пред аеродромот и блискиот хотел „Шератон” а едно лице е уапсено по сомнителната ситуација”, изјави портпаролката на аеродромот Даниел Тајмер.
Експертите за експлозив ги прегледаа работите на уапсениот маж, но не пронајдоа експлозив, јавуваат холандските медиуми.
Откако е делумно евакуиран, аеродромот во Амстердам од утринава повторно е отворен.