Abdullah Aşıran
01 Декември 2018•Ажурирај: 02 Декември 2018
АМСТЕРДАМ (АА) - Во Амстердам, главниот град на Холандија, се одржа фестивал на светлината, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа година во Амстердам по 7. пат се одржа Фестивалот на светлината, кој предизвика голем интерес.

Посетителите, во туристичкиот дел на градот во кој како дел од културното светско наследство на УНЕСКО се наоѓаат светски познатите канали на Амстердам, во прошетките со бротчињата имаа можност да уживаат на светлосните презентации кои беа поставени над каналите и во нивната околина.

На Фестивалот на светлината презентациите ги подготвија уметници, дизајнери и архитекти од Холандија и од разни земји од светот, а посетителите имаа можност да погледнат 30 различни светлосни презентации.
Фестивалот на кој минатата година учествуваа околу 1 милион лица, и на кој се гледа како на една од најзначајните организации во Европа, ќе продолжи до 20 јануари 2019 година.