Ekipa
28 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
ХАГ (АА) - Холандската Влада ги претстави сеопфатните низа мерки насочени кон намалување на емисиите на јаглерод во Холандија за 50 % до 2030 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението холандската владејачка коалиција оценува дека климатскиот пакет е „остварлив и достапен за сите“.
Еколошките групи ги поздравија мерките, но го критикуваа пакетот, оценувајќи го како недоволен за борбата против глобалното затоплување.
Гринпис (Greenpeace) поздрави делови од пакетот, но во соопштението вели дека климатскиот пакет се занимава со „краткорочни решенија, како што се складирање на јаглеродот на морското дно, или користење на биомаса, додека климатската криза бара мерки кои ќе осигураат реални решенија за генерациите што доаѓаат“.
Од Владата соопштија дека мерките вклучуваат данок на јаглерод за индустријата, што ќе ги стимулира компаниите да преземат чекори кон одржливост.