Ekipa
28 Јуни 2019•Ажурирај: 29 Јуни 2019
ОСАКА
Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, изјави дека Владимир Путин го повикал американскиот колега Доналд Трамп следната година да ја посети Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Песков изјави дека рускиот лидер сака Трамп да присуствува на 75. годишнина од прославата на Денот на победата. Тој додаде дека Трамп, кому поканата му е упатена за време на средбата од двајцата лидери на маргините од Самитот на Г20 во Осака, реагирал позитивно. Песков истакна дека наскоро ќе биде испратена и официјална покана.
Портпаролот на Кремљ информираше дека за време на состанокот во Осака, Трамп и Путин разговарале за начинот на подобрување на економската врска, детално расправале по прашањето за контрола на вооружувањето, за Кина, Сирија и Турција.
Лидерите на земјите од Г-20 се собраа на дводневен Самит во Осака, Јапонија.