04 Септември 2020•Ажурирај: 05 Септември 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) беше исклучително задоволен вечерва со потпишаниот договор меѓу Косово и Србија во Белата куќа за нормализација на економските односи.
Трамп рече: „Белград и Приштина се посветени на екномската нормализација“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Постигнат е продор кон економска соработка“, рече Трамп.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, ги предводеа делегациите кои ги потпишаа договорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
По состанокот во Вашингтон делегациите на Србија и Косово патуваат во Брисел на потанамошни преговори.