Michael Gabriel Hernandez
04 Септември 2020•Ажурирај: 05 Септември 2020
ВАШИНГТОН
Балканските соседи Србија и Косово постигнаа историски пресврт, се договорија да ги нормализираат економските односи, соопшти Белата куќа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот Џад Дер на социјалната мрежа Твитер го потврди развојот на настаните, нарекувајќи ги „уште еден историски договор кој овој претседател го постигна за да го направи светот помирен и попросперитетен“.
Александар Вучиќ, претседателот на Србија и Авдулах Хоти, премиерот на Косово, ги потпишаа договорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
По потпишувањето на договорот претседателите на Косово и Србија ќе се состанат и со американскиот државен секретар Мајк Помпео.
По состанокот во Вашингтон делегациите на Србија и Косово патуваат во Брисел на потанамошни преговори.