Балкан

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај поднесе оставка

„Поднесов неотповиклива оставка и од овој момент сме Влада во оставка. Причината е што бев информиран дека ќе ми се направи интервју од страна на Специјализираните совети следната недела" изјави Харадинај

Zülfiya Yakup  | 19.07.2019 - Обновена : 21.07.2019
Премиерот на Косово Рамуш Харадинај поднесе оставка

ПРИШТИНА (АА) - Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, денес поднесе оставка поради повикот да се јави како осомничен во Специјалниот суд за Косово, пренесува Anadolu Agency (AA).

Харадинај ја поднесе оставката на седницата на Владата на Косово, а потоа на прес-конференција изјави дека е информиран оти ќе му се направи интервју како осомничен од страна на Специјализираните совети на Косово во Хаг.

„Поднесов неотповиклива оставка и од овој момент сме Влада во оставка. Причината е што бев информиран дека ќе ми се направи интервју од страна на Специјализираните совети следната недела и таму не можам да се појавам како премиер на земјата, туку како граѓанин, Рамуш Харадинај, за да ја сочувам честа на премиерот и земјата“, изјави Харадинај.

Тој изјави дека сега ќе побара од претседателот на земјата да го одреди датумот на новите избори. Харадинај апелираше до претседателот во уставниот мандат да спроведе консултации со политичките партии и да најави вонредни избори.

На Харадинај му се судеше двапати во судот во Хаг и двата пати беше ослободен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.