Балкан

БиХ: Колективен погреб за 86 жртви од Приједор и Котор Варош

„Повеќе од 3.176 Приједорчани се однесени во логори, измачувани, па потоа убиени на различни начини и на различни места. Тука сме со семејствата на жртвите кои ја бараат вистината и правдата“, порача Кудиќ

Vesna Besiç  | 20.07.2019 - Обновена : 21.07.2019
БиХ: Колективен погреб за 86 жртви од Приједор и Котор Варош ( Foto: Samir Yordamoviç - Anadolu Agency )

ПРИЈЕДОР (AA) - На стадионот „Ведро Поље“ во Хамбарини, кај Приједор, Босна и Херцеговина (БиХ) е клањано џеназе (погреб) за 86 жртви од Приједор и Котор Варош, кои се убиени во 1992 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Се работи за жртви од бошњачка националност чии посмртни остатоци претежно се ексхумирани на Кориќанските стени. Семејствата речиси по 27 години конечно ќе ги погребаат нивните некомплетни посмртни остатоци и ќе имаат мезар на кој ќе го пишува нивното име. Тоа претставува пронаоѓање вечен спокој како за убиените, но и мир за нивните семејства.

„Правдата на овој свет е спора, но не е недостижна“, порачано е од уште еден колективен погреб во Приједор.

Во тишината денес на стадионот „Ведро Поље“ кај Приједор се слушаше само плачот на мајките и сестрите, браќата, додека се читани имињата на 86-те убиени.

За време на собирот по повод погребот на 86 бошњачки жртви, со едноминутен молк е оддадена почит и за пет католици, кои исто така се погубени на Кориќанските стени.

По колективниот погреб, посмртните остатоци на жртвите ќе бидат погребани во различни мезари, а во согласност со желбите на нивните семејства. Најголемиот број од жртвите, 68, ќе бидат погребани на Шехидските мезари „Камичани“, додека останатите во Шехидските мезари „Чараково“, „Хамбарине“, „Бишчани“, „Скела“, „Ризвановиќи“ и на Шехидските мезари „Дабовци“ во Котор Варош.

Хусеин ефенди Велиќ, главниот имам на Меџлисот на Исламската заедница во Приједор, порача дека присуствуваат на уште еден колективен погреб во овој град на западот на БиХ.

„Осумдесет и шест шехиди сведочат за вистината што се случи во 1992 година. По Кориќанските стени и сите масовни гробници, никој нема право да мисли, да зборува и да се однесува како ништо да не се случило. Бошњаците не се народ кој мрази, но се народ кој памети и сигурно ќе го сочува сеќавањето на сето она што се случило од 1992 до 1995 година. И ќе го сочуваме сеќавањето на нашите шехиди“, порача Велиќ, наведуваќи дека единствено на темелите на вистината може да се гради правдата, соживотот и помирувањето.

Во име на семејствата на жртвите на присутните им се обрати Зијад Бачиќ, кој и самиот ги преживеал злосторствата во Приједор.

„Убиена е мајка ми, двајца браќа и сестра. Ние секоја година испраќаме пораки за мир. Меѓутоа, имаме ние и соживот во Приједор, но за да го потврдиме, нашите сограѓани би требало да ни кажат каде се посмртните остатоци на нашите најмили“, изјави Бачиќ.

Муфтијата Мехмед ефендија Кудиќ од Бихаќ потсети дека на подрачјето на Приједор пред 27 години се случило злосторство.

„Повеќе од 3.176 Приједорчани се однесени во логори, измачувани, па потоа убиени на различни начини и на различни места. Тука сме со семејствата на жртвите кои ја бараат вистината и правдата. Бараат вистина за тоа што се случило со нивните најмили и правда да одговараат оние кои ги извршија овие злосторства. Од ова место испраќаме пораки за мир и соживот“, порача Кудиќ.

Најмладите жртви, кои оваа година ќе бидат погребани, се момчиња кои во моментот кога биле убиени имале само 19 години: Самир (Садик) Гарибовиќ, Емир (Кемал) Џолагиќ и Сауд (Мехо) Кљајиќ. Сауд ќе биде погребан заедно со својот татко Мехо.

Највозрасната жртва што ќе биде погребана оваа година е Беќир (Адем) Бешиќ, кој е роден во 1931 година.

Ќе бидат погребани и синот Хајрудин и Јасмин Елезовиќ, браќата Един и Емир Елезовиќ и Фахрудин Елезовиќ.

Заедно ќе бидат закопани и татко и син, Шериф и Зафир Бајриќ, и браќата Зулиќ, Мирсад и Суад, браќата Јакуповиќ, Армин и Дедо, браќата Грабиќ, Мустафа и Вејсил, и браќата Сивац, Неџад и Един.

На погребот, покрај најблиските, роднините, пријателите, соседите и познаниците, присуствуваа и членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ, и потпретседателот на Република Српска, Рамиз Салкиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın