Agim Sulaj
24 Февруари 2021•Ажурирај: 25 Февруари 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа почина тројца пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.582, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 461 нов случај на Ковид-19, со што е регистриран рекорд во бројот на дневно заразени во 2021 година.
Со ова, вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 67.469.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 3.138 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 294.985 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 58.919 лица. Во моментов во земјата има 6.968 активни случаи.