Andelija Stojkovic
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин за време на телефонскиот разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени дека Србија не е во едноставна позиција, но оти верува дека ќе се избори со сѐ што е пред неа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тој нагласи дека меѓународните околности се такви што Србија не е во едноставна позиција, но оти е уверен дека српскиот народ како и секогаш низ историјата, ќе го покаже својот карактер и под водство на претседателот Вучиќ ќе ги надмине сите проблеми “, се наведува во соопштението на Кабинетот на претседателот на Србија.
„Сигурен сум дека под ваше водство Србија и српскиот народ ќе одат само напред“, изјави Путин.
Вучиќ и Путин договорија средба во што поблиска иднина со цел јакнење на соработката меѓу двете земји.