Ekipa
28 Јуни 2019•Ажурирај: 29 Јуни 2019
МАДРИД
Големиот пожар, што го зафати североисточниот дел на Шпанија, веќе трет ден по ред е надвор од контрола, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од 600 пожарникари и 6 канадери се борат со пожарот во Шпанија. Според прогнозата на метеоролозите, оваа земја ја очекуваат највисоките температури од топлотниот бран, кои ќе бидат над 40 степени Целзиусови.
Официјалните претставници соопштија дека падот на температурата преку ноќта им овозможил на пожарникарите да го успорат напредокот на пожарот, но и понатаму тврдат дека станува збор за најголем пожар во последните две децении што го зафатил регионот и загрозува 20.000 хектари ридски и тешко достепен терен.
Иследниците објавија дека пожарот најверојатно започнал со спонтано загревање на пилешки измет на живинарска фарма. Главниот инспектор Хосеп Антони Мур на 27 јуни изјави дека купот од измет станувал сè потопол како што ферментирал, а потоа пламенот ја зафатил околната вегетација.
Микел Буч (Miquel Buch), министер за внатрешни работи на Каталонија, ги повика луѓето да бидат исклучително внимателни во шумските подрачја.
„Противпожарните служби се на теренот во полн капацитет, не смееме да дозволиме да се појави уште еден пожар“, рече Буч.
Шпанските власти се грижат за педесетина луѓе кои се евакуирани. Меѓу евакуираните, освен локалното население, има државјани на Велика Британија, Белгија, Германија, Бразил и САД.